Асистент менаџер на продавница
Работни обврски и одговорности
Асистент менаџерот на продавница го поддржува менаџерот во организацијата на работата, управувањето со тимот и остварувањето на продажните резултати, обезбедувајќи одлична услуга за клиентите.
Главни обврски и одговорности
- Управување со продажните процеси во продажниот објект
- Организирање и супервизија на активностите во продажниот објект: прием на производи, изложување и визуелно уредување на производите, одржување на хигиена и укажување на потреби за одржување на продажниот објект
- Изготвување и одржување на документацијата поврзана со работењето на продажниот објект и во согласност со законските регулативи
- Разрешување на проблематични ситуации од секаков вид: логистички, организациони, поплаки од купувачи и сл.
- Организација и проверка на онлајн продажбата
- Водење евиденција за залихата и редовно надополнување
- Следење и анализа на посетеноста, дневниот промет, продажни трендови и предвидување идни продажби
- Следење и анализа на тековното работење и изготвување извештаи на неделно, месечно, квартално и годишно ниво за работењето на брендот и продажниот објект
- Изготовка на сменски распоред за работа на членовите на тимот
- Евиденција за присуство/отсуство, одобрување отсуство и евиденција на работните часови со цел подготовка на плата за вработените во продажните објекти
- Делегирање и распоред на работните обврски на членовите на тимот
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС
- Напредно работење на компјутер
- Познавање на MS Excel, Power Point, MS Word
- Познавање на е-commerce и онлајн продажба и функционалност на платформи
- Познавање англиски јазик
- Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
- Ориентираност кон резултати
- Агилност, прилагодливост и флексибилност
- Управување со време и приоритети
Што нудиме:
- Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуално остварени продажни цели
- Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group
- Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани
- Програма за лојалност, менторство и професионален развој, со можност за дополнителни награди
- Бонус за успешна препорака на нов колега
