Услови на користење

Фешн Груп Ви овозможува користење на содржини оваа веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини на веб страната www.fashiongroupcareers.com.mk


Користењето на оваа веб страна значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМИТЕ
ФЕШН ГРУП  е групација во чиј состав се следните правни лица:

    • Фешн Груп Адриатик ДООЕЛ Скопје, ул. Никола Кљусев бр. 6, кат 7, 1000 Скопје, Македонија
    • Еурофешн Трејд ДОО Скопје, ул. Никола Кљусев бр. 6, кат 7, 1000 Скопје, Македонијa
    • МГ Фешн ДОО Скопје, ул. Никола Кљусев бр. 6, кат 7, 1000 Скопје, Македонија
    • Битсиани Фешн ДОО Скопје, ул. Никола Кљусев бр. 6, кат 7, 1000 Скопје, Македонија
    • Друштво за трговија и услуги АРТСТИЛ ТЗЈ ДОО Скопје, ул. Никола Кљусев бр.6, кат 7, 1000 Скопје
    • Друштво за транспорт и услуги ФГ ЛОГИСТИК ДОО Скопје, ул. Никола Кљусев бр.6, кат 7, 1000 Скопје

ФЕШН ГРУП
Адреса: ул. Никола Кљусев бр. 6, кат 7, 1000 Скопје
Тел: 02 3215 908
email: info@fashiongroup.com.mk
WEB: www.fashiongroup.com.mk; www.fashiongroupoutlet.mk; www.okaidi.com.mk

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на оваа веб страна, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница и нејзиното користење, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

1. Општи одредби
Фешн Груп ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Фешн Груп е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Фешн Груп ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконско е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Фешн Груп може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како посетител и корисник на веб страната тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

2. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.fashiongroupcareers.com.mk со цел користење на алатките и апликациите достапни на истата, ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат исклучиво за цели на аплицирање за работа во Fashion Group. Вашите лични податоци, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите апликации.

3. Врски (линкови) кон други веб локации
Официјалната веб-страна www.fashiongroup.com.mk на Fashion Group содржи линк кон оваа веб-локација со цел да да Ви се олесни пристапот кон оваа веб страна. Оваа веб-страна не содржи линкови кон други веб-локации.

ОПИС НА ПРОЦЕСОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА РАБОТА ВО FASHION GROUP

Креирање на налог
За да се поднесе апликација, пополнувате краток формулар на нашата веб страница, во кој ги внесувате Вашите лични податоци: име, презиме, датум на раѓање, е-маил адреса, како и мобилен телефон (опционално). Во рамки на формуларот ја прикачувате и Вашата биографија (CV), по што апликацијата може да се испрати.

По поднесување на формуларот, на Вашата наведена е-маил адреса се испраќа потврда што содржи линк за верификација. Со кликање на линкот ја потврдувате автентичноста на апликацијата, со што се овозможува заштита од неовластено или автоматизирано поднесување. Апликацијата се смета за успешно евидентирана единствено по извршената потврда преку е-маил.

Податоците доставени во текот на аплицирањето се користат исклучиво за обработка на пријавата и за можен контакт со кандидатот доколку биде селектиран во понатамошната постапка. Со поднесување на апликацијата, кандидатот се согласува неговите податоци да бидат обработувани согласно Политиката на приватност на Fashion Group.

Формуларот кој го пополнувате за време на аплицирањето се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

КОРИСНИЧКИ ПРИГОВОРИ
Вашите приговори и забелешки поврзани со користењето на оваа веб-страна може да ни ги доставите на jobs@fashiongroup.com.mk или по пошта на нашата адреса наведена погоре.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
За успешно да ги обработиме апликациите, потребни ни се име и презиме на апликантот, датум на раѓање, адреса на живеење, е-маил адреса, број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги процесираме поднесените апликации за вработување, како и да ги известиме апликантите за моменталниот статус на апликацијата. Пожелно е, но не и задолжително да се пополни полето за завршено образование, содржано во апликацијата. Исто така, пожелно е и корисно, но не и задолжително, со апликацијата да се поднесе и кратка биографија (CV) која ни помага при обработка на апликациите.

Во име на компанијата Фешн Груп се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на апликантите. Ги собираме само неопходните основни податоци за апликантите и податоците неопходни за процесирање на апликациите за работа и за информирање на апликантите во врска со нивните апликации.
На апликантите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за апликантите строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од Секторот за човечки ресурси, на кои им се неопходни за обработка на апликациите. Вработените во Секторот за човечки ресурси во групацијата ФЕШН ГРУП се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Податоците кои ги внесувате при поднесување на апликацијата не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.

Веб страницата www.fashiongroupcareers.com.mk не е наменета за лица под 18 години. Фешн Груп нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.fashiongroupcareers.com.mk може да се користат за обработка на апликации за вработувањеи нема да се користат за други цели. Ова се однесува и за податокот за датум на раѓање, кое поле е задолжително при процесот на регистрација. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на нивните лични податоци за целите наведени во овие Услови на користење.

Согласноста за користење на лични податоци се дава при пополнувањето на формуларот за аплицирање на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам со обработката на моите лични податоци.
Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, односно при аплицирање за вработување податоците се чуваат 1 годинa од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ И АПЛИКАНТИТЕ
Корисниците и апликантите имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците и апликантите имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци. 


Напомена: Корисниците на веб-страната се известени дека нивното пристапување на оваа веб-страна, нејзиното користење и поднесувањето на апликација за вработување, не претставува ветување од Fashion group за засновање на работен однос, ниту го обврзува Fashion Group спрема корисниците на веб-страната во однос на поднесената апликација за вработување. Подносителите на апликација преку оваа веб-страна не се стекнуваат со предност при вработување во однос на други кандидати за вработување.


СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашата веб страна подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.