Политика на приватност
Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.fashiongroupcareers.com.mk.
ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА
Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.fashiongroupcareers.com.mk кои аплицираат за работа во Fashion Group преку оваа веб страница (во понатамошниот текст “корисниците“).
За успешно реализирање на процесот на аплицирање, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на апликантот, датум на раѓање, е-маил адреса, како и мобилен телефон (опционално), а во рамки на формуларот апликантот прикачува своја биографија (CV), по што апликацијата може да се испрати. Со помош на споменатите податоци можеме да ги обработиме апликациите за вработување, како и по потреба да ги контактираме апликантите. Во име на групацијата Фешн Груп се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите апликанти. Ги собираме само наведените основни податоци за апликантите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нивните апликации и повратно информирање на корисниците кога тоа е потребно. Сите податоци за корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во групацијата Фешн Груп се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.
Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.
При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на процесоот на обработка на апликациите ќе бидат ангажирани други субјекти, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на обработката од нивна страна.
Веб страницата www.fashiongroupcareers.com.mk не е наменета за лица под 18 години. Фешн Груп нема за цел да прибира и обработува лични податоци на лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.
Веб страницата www.fashiongroupcareers.com.mk користи „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.
Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 1 година од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.
ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.
Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.
