Магационер/Декларант
Работни обврски и одговорности
Магационерот е одговорен за прием/истовар, подготовка и испраќање на производите до продажните објекти, како и за одржување на залихата и опремата во магацинскиот простор.
Главни обврски и одговорности:
- Прием и потврда на примени производи и обезбедување на нивен истовар.
- Отварање, складирање на примените производи и тековно дополнување на истите.
- Подготовка на производите за продажба (скенирање, лепење декларации и сл.)
- Управување со залихи на производи.
- Учество во пописи.
- Водење грижа за соодветната документација за прием/издавање на производите.
- Достава на производите до продажните објекти во Скопје и во другите градови.
- Постојано одржување на хигиената и реорганизација на магацинскиот простор според потребите.
- Помош и соработка во оперативни активности на различните сектори.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Основно познавање на работа со компјутер
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа
Што нудиме:
- Организиран превоз до и од работното место
- Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group
- Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани
- Бонус за успешна препорака на нов колега
