Асистент во магацин

Скопје, Full Time

Аплицирате за работа прв пат? Наши совети
Работни обврски и одговорности

Магационерот е одговорен за прием, подготовка и достава/дополна на производите до продажниот објект, како и за одржување на залихата и магацинскиот простор, со повремена асистенција во продажба и услуга кон купувачите.

 

Главни обврски и одговорности:

  1. Управување со залихи:
  • Прием и потврда на примени кутии со помош на pathfinder и обезбедување на нивен истовар.
  • Отварање и складирање на добиените нарачки истиот ден.
  • Подготовка на артиклите за продажба (аларми, етикетирање, цени итн.).
  • Менаџирање и реорганизација на магацинскиот простор според потребите.
  • Прелепување на артикли за попусти и промоции.
  • Враќање на робата од тековната сезона според инструкциите на компанијата.
  • Постојано одржување на хигиената на магацинскиот простор.

 

  1. Продажба и услуга на клиенти:
  • Учество при при барање на артикли за клиентот со тимот за продажба брзо и ефикасно.
  • Помош при подготовка на сликите поврзани со залихата во продавницата (пристигнување на нови модели, распродадени артикли, доколку некој артикал се повторува итн.)
  • Помош при пронаоѓање и пакување на производи за онлајн продажба.

 

Потребни квалификации:

  • Основно познавање на работа на компјутер (внес на податоци, праќање мејлови Word, Outlook)
  • Познавање на работа со софтвери за водење залиха
  • Работа со PDA апарат/псион и сл. уреди за внес на шифри на производи

Што нудиме:

  • Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуално остварени продажби
  • Сезонски бонуси поврзани со тимски и групни резултати
  • Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group
  • Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани
  • Програма за лојалност, менторство и професионален развој, со можност за дополнителни награди
  • Бонус за успешна препорака на нов колега