Асистент во магацин
Работни обврски и одговорности
Магационерот е одговорен за прием, подготовка и достава/дополна на производите до продажниот објект, како и за одржување на залихата и магацинскиот простор, со повремена асистенција во продажба и услуга кон купувачите.
Главни обврски и одговорности:
- Управување со залихи:
- Прием и потврда на примени кутии со помош на pathfinder и обезбедување на нивен истовар.
- Отварање и складирање на добиените нарачки истиот ден.
- Подготовка на артиклите за продажба (аларми, етикетирање, цени итн.).
- Менаџирање и реорганизација на магацинскиот простор според потребите.
- Прелепување на артикли за попусти и промоции.
- Враќање на робата од тековната сезона според инструкциите на компанијата.
- Постојано одржување на хигиената на магацинскиот простор.
- Продажба и услуга на клиенти:
- Учество при при барање на артикли за клиентот со тимот за продажба брзо и ефикасно.
- Помош при подготовка на сликите поврзани со залихата во продавницата (пристигнување на нови модели, распродадени артикли, доколку некој артикал се повторува итн.)
- Помош при пронаоѓање и пакување на производи за онлајн продажба.
Потребни квалификации:
- Основно познавање на работа на компјутер (внес на податоци, праќање мејлови Word, Outlook)
- Познавање на работа со софтвери за водење залиха
- Работа со PDA апарат/псион и сл. уреди за внес на шифри на производи
Што нудиме:
- Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуално остварени продажби
- Сезонски бонуси поврзани со тимски и групни резултати
- Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group
- Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани
- Програма за лојалност, менторство и професионален развој, со можност за дополнителни награди
- Бонус за успешна препорака на нов колега
