Асистент за продажба
Работни обврски и одговорности
Асистентот за продажба е одговорен за одржување на продажниот објект, прием и дополнување на производи, директна продажба и работа на каса.
Главни обврски и одговорности
- Асистирање на купувачите при изборот на артиклите.
- Мануелно и визулно дополнување на продадените артикли
- Одржување на квалитетот и провобитната состојба на производите
- Прием и попис на производите од брендот
- Обезбедување на производите од кражби и почитување на протоколите за работа
- Наплата на артиклите на брендот во продажниот објект
- Изработка на фактури, испратници, сторнирање сметки и сл
- Примање на рекламации и решавање на истите
- Одржување на хигиената во продажниот објект
Потребни квалификации:
- Енергична, комуникативна личност со страст за мода
- Одлични вештини за слушање и препорачување на стилски решенија
- Тимски играч кој ужива во динамична средина
- Насмевка и насоченост кон секој клиент
- Искуството во продажба е предност, kako и познавање на странски јазици
Што нудиме:
- Конкурентна почетна плата од 28.000 денари, со можност за раст согласно перформансите
- Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуално остварени продажни цели
- Сезонски бонуси поврзани со тимски и групни резултати
- Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group
- Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани
- Програма за лојалност, менторство и професионален развој, со можност за дополнителни награди
- Бонус за успешна препорака на нов колега
